Зелените ја избраа Аналена Баербок за кандидатка за нов германски канцелар

Алена Баербок / СП. архива

Германската партија на Зелените денеска ја номинираше Аналена Баербок, една од ко-претседателите на партијата, за нивна кандидатка за канцелар на изборите во септември, јави ДПА.

Партијата има зголемена популарност во анкетите во последните неколку години и за првпат ќе именува свој кандидат за канцелар, бидејќи Ангела Меркел се повлекува од функцијата по повеќе од 15 години владеење.

Со околу 20 проценти рејтинг меѓу гласачите пред изборите во септември, Зелените очекуваат да освојат неколку десетици места во германскиот Бундестаг, како втора по големина сила во земјата.

Тоа оваа партија не само што ја прави силен играч и сигурен учесник во идната владина коалиција, туку, исто така, би можеле да биде во позиција да и се додели и канцеларската функција во коалиција во која нема  да биде вклучен десноцентристичкиот блок на ЦДУ-ЦСУ на Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот