Зелен хуман град: Првпат во Македонија изречена затворска казна за убиство на куче – монструозниот убиец на Феликс осуден на три месеци затвор
Првпат во правосудната историја на Македонија е изречена ефективна затворска казна за убиство на животно. Основниот кривичен суд Скопје денеска го осуди Љубе Крстевски на три месеци затвор за свирепо убиство на кучето Феликс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што соопшти организацијата „Зелен хуман град“, ова е првпат досега судот да изрече ефективна затворска казна за ваков вид кривично дело, што, како што истакнаа, претставува пресвртница во заштитата на животните во земјава.
„Пресудата е жив доказ дека активното граѓанство дава резултати. Промените се можни кога се бориме против неправдата. Денес е победа и за Феликс и за сите животни што биле жртви на насилство“, наведуваат од организацијата.
Од „Зелен хуман град“ најавуваат дека ќе се жалат на пресудата со цел да се залагаат за построги казни и системска заштита на животните, но денешната одлука ја сметаат за значајна победа.
„Ниту едно животно не е заборавено. Ќе продолжиме да се бориме додека секое живо суштество не го добие правото на живот, достоинство и заштита“, велат од организацијата.
За убиството на кучето Феликс, Љубе Крстевски доби 3 месеци затвор


