Фото: ЈП „Лајка“

Угина кучето Феликс, крвнички претепано во фирма во Момин Поток

Од скопското јавно претпријатие „Лајка“ попладнево известија дека и покрај напорите да закрепне, угинало кучето кое во ноември беше крвнички претепано со стап од вработен во фирма кај Момин Поток.

„Драги наши поддржувачи и пријатели, со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир. Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија“, пишуваат од „Лајка“ во објава на социјалните мрежи.

Инцидентот со бруталното насилство врз уличното куче предизвика многу внимание во јавноста откако се појави вознемирувачка видеоснимка на која се гледа како работникот го извршува грозоморниот чин. 61-годишниот насилник беше повикан на разговор во полицијата, по што беше ослободен, но со кривична пријава за мачење животни, кривично дело за кое следува парична или казна затвор во траење од шест месеци.

„Од самото влегување на Феликс во нашето прифатилиште до денес, неговото заздравување беше неизвесно и променливо. Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации. Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен. Од срце сакаме да ви заблагодариме на сите вам кои бевте инволвирани директно или индиректно во приказната и животот на Феликс давајќа му ја сета потребна поддршка. Феликс ќе остане симбол на борбеноста која ги обедини нашите граѓани, поттикнувајќи емпатија чие влијание сè надеваме дека долго ќе не обединува, а нејзината моќ ќе нè води сите нас кон креирање што поголема благосостојба на бездомните животни“, додаваат од „Лајка“.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Вработен во фирма во „Момин Поток“ крвнички тепа куче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот