Претепано куче во Момин Поток / Фото: скриншот

Насилникот кој тепаше куче во Момин Поток ќе одговара за мачење животни

Полицијата соопшти дека е уапсен 61-годишниот насилник кој пред два дена крвнички претепа куче, а снимката од инцидентот ја згрози јавноста. Тој ќе одговара за мачење животни, кривично дело за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци, велат од МВР.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди. Со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ“, пишува во полициското соопштение.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Вработен во фирма во „Момин Поток“ крвнички тепа куче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот