Зелен хуман град бара 100 мерни станици, за да се утврди кој го загадува Скопје

Загадување / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Градот го прифати, Министерството за животна средина се сложи само делумно со барањата од амандманот на Зелен хуман град за поставување на нови сензори кои ќе го мерат квалитетот на воздухот во Скопје, пишува МТВ.

Идејата на Зелен хуман град е да се постават 100 ниско буџетни станици низ градот кои ќе утврдат каде е загадено а инспекторите со скапи, сертифицирани мерни станици ќе дојдат и ќе потврдат кој е причинителот за загадување.

„Поради забрана од страна на Министерството за животна средина за тоа како треба да изгледаат тие сензори зад кои што градот треба да застане се намалија од 100 на сега само два, многу поскапи сензори и едноставно само два, што ќе направиме со два?! Ќе почнеме да градиме некја мрежа, се сложувам, но тоа ќе биде многу помалку. И затоа ние сега како активисти почнавме да собираме донации од фирми, од личности кои што се загрижени за нашето здравје и да поставиме наши сензори низ Скопје“, рече Горјан Јовановски, од Зелен хуман град.

Во моментот квалитетот на воздухот во Скопје се мери со десетина мерни станици, а во државата има вкупно 21. Проблем е тоа што серверите од каде што се читаат информациите честопати паѓаат и не се во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот