Зеќири: Оставка само со согласност на Владата, ДПК и меѓународната заедница

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Градоначалникот на Зубин Поток, Измир Зеќири изјави дека ќе поднесе оставка доколку има договор меѓу Владата на Косово и партијата на која и припаѓа ДПК и со меѓународните партнери, пренесува Економија онлајн.

„Мора да има силна причина за мојата оставка. Ако имаме договор тогаш ќе поднесам оставка. Без договор со претседателот на ДПК Мемли Красниќи, со партијата, со владата и со меѓународниот фактор, нема да поднесам оставка“, рече Зеќири.

Зеќири рече дека тој е првенствено политички одговорен пред Демократската партија на Косово и претседателот на партијата Мемли Красниќи.

„Што се однесува до процедуралните дејствија, секако одговарам пред Владата на Косово, така што одговарам и за процедурите на Косово“, рече Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот