Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Легендарниот Чолиќ сè уште доминира – објави нова песна и спот снимен во Венеција

Здравко Чолиќ објави нов сингл со наслов „Не дај да остарим сам“. Музиката и текстот за песната ги потпишува кантавторката Маја Сар, со која ова е негова трета соработка, по песните „Зар се нисмо схватили“ и „Прије него те изгубим“.

Песната тематски се фокусира на љубовта, блискоста и стравот од осаменост, со акцент на емотивните односи и нивната нестабилност. Според најавите, станува збор за продолжување на линијата на интимни и лични теми кои ги обработуваат и во претходните заеднички проекти.

За синглот е реализиран и видеоспот во режија на Горан Ковачиќ. Во него Чолиќ настапува со пијано придружба, а дел од сцените се снимени во Венеција. Визуелниот концепт е минималистички и е насочен кон истакнување на атмосферата и емоцијата на песната.

Смешна анегдота од снимањето на песната „За милион години“: Здравко Чолиќ се жалел поради „завивањето“ на двајца музичари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот