Зборувајте што сакате, но ќе биде како што ќе каже Леброн

twitter/Los Angeles Lakers

Продолжението на сезоната во НБА лигата е предвидено за 31. јули, но неизвесно е дали тоа ќе се случи.

Причината за неизвеноста лежи во загриженоста и јавните коментари на добар дел од НБА играчите дека кошарката во овој момент не им е во прв план, туку загриженоста за расизмот во САД и пандемијата на коронавирусот.

Иако многумина се против продолжување на сезоната, бекот на ЛА Клиперс, Патрик Беверли, вели дека судбината на актуелната сезона ќе ја одреди најголемата ѕвезда во НБА лигата и ќе биде како што тој ќе каже.

– Играчите можат да зборуваат што сакаат. Доколку Леброн Џејмс каже дека ќе играме, тогаш ќе играме. Ништо лично, само бизнис – изјави Беверли.

Претходните денови во јавноста се јавија неколку НБА ѕвезди кои се запрашаа дали треба и дали сега е вистинското време да се продолжи сезоната кога во САД владеат немири поради убиството на Џорџ Флојд, додека во светот-пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот