Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Заврши Светското првенство за Дувњак, ќе го замени Игор Карачиќ

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Домагој Дувњак кој се повреди во вчерашниот натпревар против Аргентина (33-18) го заврши својот настап на Светското првенство.

Хрватскиот ветеран беше заменет во осмата минута од натпреварот кога во солзи го напушти натпреварот и можеше да се претпостави дека не станува збор наивна повреда.

Повредата на Дувњак за него веројатно значи и крај на репрезентативната кариера со оглед на тоа што веќе има 36 години. Дресот на хрватската репрезентција Дувњак го носеше на 257 натпревари.

Од Ракометниот сојуз на Хрватска веќе и потврдија дека на негово место во репрезентацијата ќе пристигне поранешниот ракометар на Вардар Игор Карачиќ.

Карачиќ уште еденеска ќе биде со репрезентативците на Хрватска и ќе биде подготвен за настап во утрешниот натпревар против Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот