Заврши потерата во Мемфис, осомничениот убиец на жени се самоубил

Полициска патрола во Мемфис - Фотографија ЕПА, Танен Мори

Напаѓачот што отвори оган на три локации во Мемфис, Тенеси, при што уби четири жени, а петта тешко рани, се самоубил во својот автомобил, соопшти локалната полиција.

– Полицајците одговорија на пријавата за пукање на Хауард Драјв околу 21.30 часот. Истрагата утврди дека овој инцидент е поврзан со уште две престрелки и дека се работи за истиот осомничен – соопшти полициската управа во Мемфис, додавајќи дека станува збор за семејно насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот