Заврши победничката низа на ПСВ од почетокот на сезоната

Фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

Се има свој крај, па така денес заврши и неверојатната низа на холандскиот гигант ПСВ кој во првите 17 кола стигна до 17 победи и се зацврсти на првото место на табелата.

Денеска ПСВ ремизираше против Утрехт и ова беше првпат сезонава избраниците на Петер Бош да не победат. Се започна како што посакуваа гостите од Ајндховен кои поведоа уште во седмата минута со голот на Бакајоко.

На почетокот на второто полувреме Утрехт успеа да израмни, а потоа ПСВ создаде неколку добри прилики и за втор гол, меѓутоа останаа неискористени, па во Ајндховен се враќаат со само еден бод.

На табелата ПСВ има 52 бода, додека  Феенорд е второпласиран со 39 бода заостанување и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот