Заврши натпреварот во лежење во Црна Гора: Лидија лежеше 50 дена и доби 1.000 евра

Лидија Марковиќ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Натпреварот во лежење во селото Брезна кај Плужине во Црна Гора заврши, откако на педесеттиот ден двајцата останати натпреварувачи решија дека стават крај.

Во финалето се пласираа Филип од Мојковац и Лидија Марковиќ од Никшиќ, а како што беше речено на свеченото прогласување на победникот, Филип решил победата и медиумското внимание да ѝ ги остави на Лидија, пишува „Б92“.

Лидија освои 1.000 евра, исто колку што ѝ нудеа родителите, само за да стане и да го прекине натпреварувањето.

Лидија Марковиќ има 23 години, по потекло е од Никшиќ и е козметичарка. Претходно, за време на натпреварот, таа за „ТВ Прва“ изјави дека на натпреварувачите им е дозволено сѐ, само што морале да лежат.

„Стануваме во 8 часот, имаме 15 минути пауза. Првата пауза ја користам во 10 часот наутро за да се туширам, втората во 18 часот, ја мијам косата, а потоа се враќам назад во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата по полноќ ја користам за да тренирам. Тогаш ја користам можноста да трчам што повеќе“, изјави Лидија за тоа како изгледал еден ден во текот на натпреварувањето.

Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра

Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра

Црногорците се навистина „мрзливи“: Сè уште трае натпреварот во лежење, веќе 13 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот