Заврши гласањето, во Скопје гласале 33,82 проценти до 18 часот и 30 минути
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на прес-конференција информираше дека во 19 часот навремено се затворени сите избирачки места каде денеска се одржа гласањето во вториот круг на локалните избори.
Препорачано
Пристигнати во ДИК се 97,60 проценти обработени податоци за излезноста во вториот круг или податоци од 1340 избирачки места. На овие избирачки места запишани се 712.549 гласачи. Вкупниот број на гласачи кои гласале е 325.691 односно 45,71 проценти на ниво на Македонија.
Излезноста до 18 часот и 30 минути по општини гласи: Аеродром 42,72; Боговиње 39,29; Брвеница 53,21; Валандово 63,60; Виница 47,19 ; Дебар 41,21; Дебарца 60,56; Демир Капија 72,64; Дојран 72,78; Долнени 55,61; Зрновци 54,07; Карпош 48,09; Кичево 51,34; Конче 70,93; Кочани 40,44; Крушево 68,60; Куманово 33,43; Лозово 75,60; Македонска Каменица 55,03; Македонски Брод 54,05; Могила 52,82; Неготино 55,07; Пробиштип 70,59; Ранковце 69,34; Росоман 77,51; Струга 40,14; Студеничани 46,00; Тетово 44,35, Центар 46,14, Чешиново Облешево 62,50, Чучер Сандево 59,19, Шуто Оризари 30,75.
Во Скопје запишани во Избирачкиот список се 474 ,304 избирачи а до 18 часот и 30 минути пристигнати се податоци од сите 685 избирачки места на територијата на Скопје.
Вкупен број на гласачи кои гласале се 160,131 до 18 часот и 30 минути. Во проценти одзивот на ниво на Скопје до 18 и 30 е 33,82 проценти.
-Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот законик во делот на надлежноста на ДИК за избирачките места и за постапката за гласање во гласачаките места. На сите им беше овозможено право на глас. ДИК од 19 часот со неколку тимови и овластени лица од ДИК ќе го набљудува броењето на резултатите и составувањето записници во повеќе избирачки места во различни општини. По составувањето на записниците во живо медиумите и јавноста сукцесивно ќе го следат објавувањето на резултаите од секое избирачко место. Од 19 часот избирачките одбори ќе ги отвораат кутиите и ќе ги бројат ливчињата и конечната излезност ќе се знае после 23 часот кога ќе ја одржиме последната прес-конференција, рече Кондарко.


