Заврши 11.издание на меморијалниор турнир во спомен на Тоше Проески

Во текот на трите денови се свиреа песни од нашата музичка легенда, се зборуваше за неговата кариера и се читаа пораки кои беа упатени од негова страна до сите нас, сите со една цел – да бидеме подобри луѓе.

Во салата „Форца се одиграа финалните натпревари од 11. издание на Меморијалниот турнир во спомен на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а се организираше во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра”.

Првото место го освои екипата на Општина Чаир, второпласиран е тимот на Корча (Албанија), а третото место и припадна на екипата од Нова Градишка (Хрватска).

На доделувањето на наградите, свои обраќања имаа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, на Нова Градишка, Винко Гргиќ и на Крушево, Томе Христоски.

Градоначалниците посочија дека се покажува оти Тоше се уште прави мостови на соработка помеѓу различни држави и култури.

– Преку спортот ги мотивираме младите да се активираат, но и на најдобар начин го негуваме споменот за Тоше. Општина Карпош сериозно вложува во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура, изведба на нови игралишта и терени, а минатата година го ресетиравме и турнирот „Сокол”. Сето ова е во знак на младите и здравиот начин на живот. Токму нашиот Тоше беше симбол на здравите навики, позитивната енергија и хуманоста, истакнал Богоев.

Градоначалниците, како што соопштуваат од прес-службата на Општина Карпош, изразиле подготвеност за унапредување на организацијата на турнирот. Во согласност со можностите, беше даден предлог овој спортски настан да трае повеќе дена или, пак, да учествуваат повеќе тимови.

Во текот на трите денови се свиреа песни од нашата музичка легенда, се зборуваше за неговата кариера и се читаа пораки кои беа упатени од негова страна до сите нас, сите со една цел – да бидеме подобри луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот