Пазарните инспектори пред Нова година затвориле 26 угостителски објекти, напишале 96 казни за вкупно 32.000 евра
Затворени 26 угостителски објекти и издадени се 96 прекршочни платни налози од над 2 милиони денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат.
Препорачано
-Во декември правеле засилени инспекциски надзори кај објекти низ цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето. При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност – соопшти ДПИ.
Државниот пазарен инспекторат нагласува дека ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатува апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење.


