Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата

Фото: МИА

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните, информираа со соопштение државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа.

– Во таа насока денес, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количина на отпадот е 261 тон – пишува во соопшението.

Тие дополнително информираат дека по случаен избор од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до Хемиската лабораторија на РЖ Техничка Контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.

„Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена, а се до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор“, пишува во соопштението.

– Инаку предметните пратки се декларирани како RDF отпад (Refuse derived fuel -RDF) кој претставува алтернативно гориво (согласно ЕУ стандардите) произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали. Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад, и истото се користи за генерирање на енергија (особено при производство на топла вода, тулани, цементарници и слични капацитети) – завршуваат од МЖСПП и Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот