Заштитете се себеси и семејството: Веднаш дезинфицирајте ги овие пет предмети во вашиот дом

Фото: Профимедиа

Експертите со денови предупредувааат дека коронавирусот се задржува на одредени површини, па важно одредени предмети во домот редовно да се дезинфицираат.

Поради задржувањето на вирусот, секако треба да се исчистат предметите во домот како што се рачките на вратите, прекинувачите за светло, чешмите, далечинските управувачи…

1. Мобилен телефон

Во просек 96 пати во денот го допираме мобилниот телефон, според еден глобален извештај. А ако е потврдено дека телефоните често содржат повеќе нечистотии и од даската на ВЦ шолјата, тогаш е јасно дека цело време сме изложени на потенцијална опасност. Од компанијата „Епл“ порачуваат корисниците дека можат да користат 70-отстотен алкохол за чистење на надворешниот дел од телфонот. Генерално, корисниците се советуваат за време на чистењето телефонот да биде искучен. За постарите телефони кои се помалку отпорни се препорачува чистење со влажно марамче на кое е нанесен сапун. По чистењето телефонот да се избрише со сува крпа.

2. Предмети кои често ги допирате

Поради задржувањето на вирусот на површините секако треба да се исчистат предметите како што се рачките на вратите, прекинувачите на светло, чешмите, далечинските управувачи. Може да се користат сите дезинфекциони средства, а најдобро е да се остави тие да делуваат неколку минути, а подоцна можете да ги исперете.

3. Работни површини во кујната

Често на овие површини ставаме се што ни е при рака, од кеси со намирници, торби, клучеви и телефони. Кога се работи за место кадешто се подготвува храна, многу е важно редовно истото да биде исчистено. Од истата причина добро исчистете ги површините за на нив да не останат хемикалии.

4. Тастатура

Доволно е да ја свртите наопаку за да видите колку нечистотии има на тастатурата…Откако буквално ќе го истресете целото ѓубре од тастатурата, добро исчистете ја со дезинфекционо средство.

5. Играчки и ќебиња

Ќебињата и плишаните играчки ставете ги во машина за перење и исперете ги со прашак. Тие задолжително мора да бидат потполно суви за повторна употреба.

Дополнително, „Слободен печат“ објави видео кое може да ви ги покаже чекорите и процесот за заштита од коронавирусот при влегување дома.

Превенција од Ковид-19: ПРОТОКОЛ како да влезете дома (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот