Заштитата на слободите и правата главен фокус на средбата на Мурати со Баздикин

Фото: МИА

Остварување на улогата на Уставниот Суд на Република Северна Македонија, заштитата на слободите и правата, предизвиците со кој се соочуваа овој суд и активностите кои се преземаат за нивно надминување беа тема на дискусија меѓу претседателот на Уставниот Суд, Сали Мурати и Амбасадрот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.

Претседателот Мурати, во оваа прилика го запознал амбасадорот Баздникин, со решенијата содржани во Нацрт-предлог законот за Уставниот суд на Република Северна Македонија, преку кои би се гарантирала буџетската, административната и функционалната независност на Судот.

„Беше нагласено дека особено е важно понатамошното унапредување на заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот од страна на Судот, којашто во моментот опфаќа заштита на мал број на слободи и права, преку воведување на инструментот уставна жалба”, информираат од Уставниот Суд.

Притоа, како се вели во соопштението на Уставниот Суд, претседателот Мурати го запознал Амбасадорот за поддршката за оваа идеа добиена од страна на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Линос-Александре Сицилианос.

Рускиот амбасадорот, Сергеј Баздникин на претседателот на Судот, Сали Мурати, во оваа прилика му врачи покана од министерот за правда на Руската Федерација, Александар Коновалов за учество на Десетиот меѓународен правен форум, што треба да се одржи во Санкт Петерсбург, Русија, во месец мај оваа година, којашто беше со задоволство прифатена.

Воедно, во рамките на одличната соработка помеѓу двата уставни суда во минатото, претседателот на Судот, Сали Мурати, искажа подготвеност за обновување на билатералната соработка при што упати покана до претседателот на Уставниот суд на Руската Федерација, Валериј Д. Зоркин за официјална посета на Република Северна Македонија.

Од страна на амбасадорот на Руската Федерација, беше изразена целосна подготвеност и поддршка за активностите со кои беше запознат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот