Зарков поради интернационален предизвик се раздели со вториот тим на Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 објави дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Поради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток.

Зарков е жива легенда на битолскиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер.

Пелистерци порачаа дека вратите секогаш ќе бидат отворени за личност и спортист како Зарков. Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот