Заради коронавирусот се огласи и компанијата за пиво: „Се надеваме дека знаете дека немаме ништо со тоа“

Фото: EPA/HANNAH MCKAY

Во периодот од 18 до 26 јануари, корисниците на интернетот ги пребарувале поимите „корона пиво вирус“ и „пиво вирус“ мислејќи дека мексиканското пиво кое се вика „Корона“ е поврзано со коронавирусот кој досега одзема 170 животи.

Заради ширењето на коронавирусот се појавија бројни теории на заговор околу тоа од каде потекнува вирусот. Заради тие теории денеска мораше да се огласи и познатата компанија „Корона“ која произведува пиво.

Некои луѓе почнале да го поврзуваат пивото „Корона екстра“ со смртоносниот коронавирус од Вухан, па така дури и на интернет од 18 јануари има бројни резултати на пребарувачот кои ги пишува „корона пиво вирус“ и „пиво вирус“.

Сепак, денеска се огласи компанијата која наведува дека веруваат дека нејзините купувачи разбираат дека помеѓу пивото и вирусот нема никаква врска.

– Веруваме дека потрошувачите разбираат дека нема никаква врска помеѓу вирусот и нашето работење – рекла директорката за комуникации, Меги Баумен.

Во периодот од 18 до 26 јануари, корисниците на интернетот ги пребарувале поимите „корона пиво вирус“ и „пиво вирус“ мислејќи дека мексиканското пиво кое се вика „Корона“ е поврзано со коронавирусот кој досега одзема 170 животи.

„Пребарувањето за тие поими порасна за 2.300 отсто“, пишува Бизнис Инсајдер. Сепак, поврзаност помеѓу пивото и вирусот не постои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот