Меган Маркл - Фото: Притнскрин/ Инстаграм

Заработила „сериозна сума“: Меган Маркл е една од најплатените гостинки на ревиите на „Баленсијага“

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и веднаш предизвика доста возбуда во модните кругови. Нејзиното појавување на гламурозната ревија на „Баленсијага“, дизајнирана од Пјерпаоло Пичоли, со кого соработува со години и чиј стил особено го цени, го означи почетокот на нова модна приказна, пишува „Јаху“. 

Вечерта беше обележана со софистицирани комбинации – прво таа блескаше во чиста, бела елеганција, а потоа и во непогрешлива црна боја.

Сепак, зад гламурот и модниот престиж, постоеше и многу профитабилна деловна позадина!

Според гласините од светот на модата, присуството на војвотката на ревијата не било само прашање на пријателство – тоа била внимателно договорена соработка со што заработила солидна седумцифрена сума.

„Не беше покана, туку трансакција. ‘Баленсијага’ сакаше глобално внимание, а Меган го исполни тоа. Тимот на 44-годишната војвотка го третираше нејзиниот изглед како филмска премиера“, тврди Роб Шутер.

„Баленсијага“, велат упатените, сакал глобално медиумско внимание, а Меган ја исполнил таа мисија со стил. Целиот аранжман вклучувал приватен авион, луксузен петѕвезден апартман и целосен гламурозен тим, исто како на холивудска премиера.

Пичоли наводно стратешки гради софистициран имиџ на брендот, а Маркл, во очите на модната сцена, го отелотворува концептот на модерна кралска икона до која брендовите едвај чекаат да допрат. Иако не стапна на модната писта, нејзиното присуство беше најскапата „карта“ во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот