Запознајте ја мајката на Илон Маск: Супермоделот Меј Маск откива каков бил нивниот живот пред Тесла

Технолошкиот гигант и претприемач Илон Маск е добро познато име во светот. Но, пред да започне да произведува електрични автомобили и да лансира ракети во вселената, тој живеел сосема нормален живот. Пораснал во Јужна Африка со неговата мајка Меј Маск.

Меј, покрај тоа што ги воспитувала нејзините деца Илон, Кимбал и Тоска, живеела живот кој, иако се разликува од оној на Илон, бил исполнет со константна борба и последователни успеси.

Instagram
Instagram

Меј (72) е меѓународен супермодел и сè уште ги крши сите норми за жените ширум светот. Меј почнала да се занимава со тоа уште на 15-годишна возраст. Иако ѝ предвидувале дека оваа кариера ќе заврши уште додека да наполни 18 години, таа им го докажала спотивното на сите кои не верувале во неа.

Моите пријатели ми велат дека бев славна пред Илон да се прослави“, изјави таа за „Vanity Fair“.

Откако наполни 60 години, Меј како да стана уште поуспешна, што многумина го препишуваат тоа на нејзината одлука да не ја обојува косата. Со „стилскиот шок“ со бела коса, таа доби работни ангажмани како реклама за „Virgin America“, насловна страница за магазинот „New York“ во 2011 година, а таа се појави и во видеото за „Hunted“ на Бијонсе.

Instagram
Instagram

До 2015 година Меј сè уште морала да се пријавува на аудиции за работни места, но во 2016 стана член на врвната агенција за модели „IMG“. Таа година се покажа особено успешна за неа, па дури и го придружуваше Илон на познатата „Met Gala“.

Со свои 69 години, Меј стана заштитно лице на „CoverGirl“, докажувајќи дека убавината не познава години. Воедно стана и најстарата амбасадорка на брендови во историјата на оваа компанија за убавина.

Мислам дека тоа им дава надеж на жените кои стареат, дека можат да продолжат да работат и да бидат релевантни, сигурни и да се чувствуваат пријатно со себе“, изјави Меј за „Форбс“ за своето достигнување.

Instagram
Instagram

Млади девојки ме запираат на улица и велат дека мојата кариера им дава надеж дека ако го правм ова на 70 години, тие можат да го сторат истото на 25“, вели таа.

Меј покрај кариерата како модел е магистер во диетика и нутриционистичката наука. Таа изгради успешна практика на диетичар во Јужна Африка, за потоа да ја изгради својата кариера на 40-годишна возраст откако се пресели во Канада.

Instagram
Instagram

Маск го пробива стереотипот дека постарите луѓе не ги разбираат социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм профил е многу актуелен и предизвика голем интерес од „IMG Models“ и токму потипишвуањето на договорот со оваа агенција помогна нејзината манекенска кариера да се искачи на повисоко ниво.

Instagram
Instagram

Но, не било сè толку едноставно и сјајно во нејзиниот живот. Во 1970 година Меј се венчала со Ерол Маск. Тоа било почеток на брак кој бил исполнет со физичко и психичко малтретирање, бидејќи Ерол, наводно, ја тепал и ја принудувал да го прекине контактот со семејството. Нивната разделба била многу тешка, бидејќи таа се срамела од нејзината ситуација. Покрај тоа, во тоа време законите за развод во Јужна Африка не сметале дека семејното насилство е доволна причина да се стави крај на брак. Но во 1979 година, Меј конечно се разбудила од тој кошмар.

Имав многу несреќни периоди… Секогаш има трошка светлина, само треба да се стремиш кон таа светлина“, вели Меј.

Instagram
Instagram

Години подоцна таа сподели детали за нејзиниот брак во нејзината книга „A Woman Makes a Plan“ која ја објави во 2019 година. Меј исто така изрази големо охрабрување за жените кои се соочуваат со насилни врски.

Маск се борела да „фати“ крај со крај. Во интервју за „Huffington Post“ таа изјави: „По разводот, морав да хранам три деца без никаква помош. Сиромаштијата те тера да работиш навистина напорно. Се сеќавам дека еднаш плачев кога едно од моите деца истури млеко. Изреката вели „не плачи над истуреното млеко“, но јас плачев затоа што не можев да купам друго млеко тој ден“.

Меј преживеала купувајќи „secondhand“ облека и ги користела своите вештини за да обезбеди евтини и хранливи оброци, како што се сендвичи со путер од кикирики и чорби од грав.

Instagram
Instagram

Никогаш не чувствував вина што работев со полно работно време, затоа што немав избор. Грижата за моите деца беше врвен приоритет, работев напорно за да го сочувам покривот над глава, храната во стомакот и основната облека на грб“, објасни таа.

Благодарение на тоа што Меј е родена во Канада, нејзините деца добиле државјанство. На 18 години, Елон завршил средно училиште таму. Во еден момент мајката на Илон работела пет работи градејќи го новиот живот во Канада.

Instagram
Instagram

Бев истражувачки службеник на Универзитетот во Торонто. Предавав два пати недело на Колеџ за исхрана и два дена работев како модел во агенција за модели“, откри таа.

Никогаш нема да се пензионирам. Мајка ми никогаш не се пензионираше. Ќе работам додека никој повеќе не ме сака, а потоа ќе најдам нешто друго и ќе бидам диетичар и ќе го истражувам нутриционизмот, што го сакам“, неодамна изјави во интервју за „New York Times“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот