ФОТО | Запознајте го најсреќното животно во светот
Ако некогаш сте слушнале за квоката, знаете дека ова мало торбесто животно од Западна Австралија е вистинска ѕвезда на Островот Ротнест. Причината? Тоа постојано изгледа како да се смее, па многумина го нарекуваат „најсреќното животно во светот“. Не е ни чудо што островот стана вистинска туристичка атракција и сите сакаат да се сликаат со ова слатко животинче.
Препорачано

Квоката е мала, долга околу 40 до 54 сантиметри и тешка околу 2,5 до 5 килограми. Има пријателски изглед, големи црни очи и кратка муцка, а крзното ѝ е сиво-кафено со потемни дамки на грбот. Но, зад оваа симпатична фасада се крие вистинска австралиска „хопка“. Телото ѝ е приспособено за скокање, а животот го води ноќе, додека деновите ги поминува одморајќи се под сенка или меѓу густата вегетација.

Квоката е тревопасно животно, се храни со трева, лисја, стебленца и понекогаш со плодови. Може да преживее долго време без вода, што ја прави навистина издржливо животно. Иако понекогаш љубопитно се приближува до луѓето, важно е да се запомни, квоката е диво животно и никогаш не треба да се допира или храни.

За жал, ова слатко суштество е загрозено. Природните живеалишта се уништуваат, а воведените предатори како лисици и диви мачки им прават проблем. Сепак, постојат напори за заштита, се формираат резервати и се промовира одржлив туризам, за квоките да можат да продолжат да си го живеат среќниот живот на својот остров.

Па следниот пат кога ќе го видите ова „насмевнато“ животно на фотографија или лично, запомнете, тоа не е само симпатично суштество, туку и дел од природното богатство на Австралија кое заслужува заштита.



