Започнува лудилото во НБА: Меколум го напушти Портланд, Сабонис разменет во Сакраменто

Домантас Сабонис кариерата ја продолжува во Сакраменто кингс/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На само два дена до завршување на преодниот рок во НБА лигата, екипите почнаа со размените во пресрет на одлучувачкиот дел од сезоната – борбата за пласман во плеј-офот и битката за трофејот.

Најзвучно име кое денеска е разменето е тоа на Си Џеј Меколум кој од Портланд се сели во Њу Орлеанс. Покрај Меколум, Портланд се откажа и од Лери Ненс и Тони Снел во замена за Џош Харт, Томаш Саторански, Никел Александер-Вокер, Диди Лоузада и избор од првата и втората рунда на драфтот.


Големо внимание предизвика и размената помеѓу Сакраменто кингс и Индијана пејсерс.
Новинарот Адријан Војнаровски објави дека нови играчи на Индијана се Бади Хилд, Тајрис Халибуртон и Тристан Томпсон, додека во Сакраменто заминаа Домантас Сабонис, Џереми Лемб, Џастин Холидеј и избор од втората рунда на драфтот во 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот