Започнува ерата на деглобализација и локализација, Кина станува сè подоминантна

Кина е се посилна и подоминатна во Европа и во државите кои се сметаат за американски сојузници.

Влијателниот американски политиколог Ијан Бремер оцени дека кризата со пандемијата на коронавирусот покажала дека светот не функционира заеднички ниту солидарно и дека тоа практично покажува дека е дојден крајот на ерата на глобализацијата. Бремер смета дека е се поевидентна нејзината  супериорност и очекува во наредниов период Кина во целост да ја покаже својата светска доминација.

Според зборовите на овој влијатен политиколог, најголема последица на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот е немоќта на светските сили како САД, Европа и Русија да се солидаризираат и да започнат да работат заедно, со што практично го навестуваат и крајот на глобализацијата која траеше изминатите децении.

Бремер, кој воедно е и колумнист и  уредник во весникот „Тајм”, смета дека светот влегува во технолошка војна. Оваа војна според него ќе се води помеѓу САД и Кина и ќе содржи многу разидувања, локализација и прилагодување на факторот на напредок, а кој не е отпорен на кризи и шокови како што е случајот со оваа пандемија. Сето тоа води кон процес на целосна деглобализација, смета Бремер.

Друга последица според него ќе биде големиот удар врз пазарите на земјите во развојот, кои ќе бидат погодени многу повеќе од развиените држави, каде како стимуланс превентивно би се одвоиле 10 одсто од БДП-то, ставка која не можат да си ја дозволат држави како Бразил, Турција или Индија.

Меѓународната помош за овие држави нема да биде адекватна,  ниту доволна, па поради тоа ќе се јави дополнителна финансиска криза која целосно ќе уништи многу држави кои во моментов се во развој.

Трета последица, наведува Бремер ќе бидат се понапнатите односи меѓу Кина и САД. Причината за ова ќе биде губењето на доминацијата на САД во светот во однос на се’ посилната Кина. Во однос на  пандемијата, Кина покажа дисциплина и моќ за целосно искоренување на болеста, наспорти Европа и САД кои во моментов се соочуваат со катастрофални последици.

Кинеската економија ќе стане прва во светот. Пекинг стави во функција 65 проценти од својата економија и се очекува полниот капацитет на производтсвото да биде ставен во функција до крајот на април.

За разлика од Кина, САД и Европа  сеуште се затворени и соочени со растечкиот број на заразени и починати од коронавирусот. Особено што сега Кина е таа која е одговорна за набавка на медицинските залихи и која ја водат хуманитарната акција во светот, оценува Бремер.

Како пример се посочени големиот број на држави соочени со висок процент на заразени и починати од коронавирусот, како што се Италија, Шпанија и Србија. Овие држави, ги сметаат кинезите за браќа бидејки им помогнале, а ЕУ, барем засега, се доживува како големо разочарување и себичност.

Што се однесува до Русија, Бремер смета дека таа во моментов има ограничена улога во однос на Кина која како држава е многу економски помоќна и повлијателна  во светот.

Кина е се посилна и подоминатна во Европа и во државите кои се сметаат за американски сојузници. Многу од овие држави ќе ја преземат кинеската, а не американската 5Г технологија. Единствено економски моќна држава во светот е Кина, заклучува Бремер кој додава дека светот влегува во глобална криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот