Започнаа карневалските празнувања во Струмица: Градоначалникот Костадин Костадинов го предаде клучот на карневалистите

Фото: Промо

Со звуци од химната на Струмичкиот карневал, со танц на струмичките мажоретки и со симболичното примопредавање на клучот на градот, вчера, на балконот на Општина Струмица и пред општинската зграда, беше означен почетокот на овогодишните карневалски сцечености во Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, со што на симболичен начин им ја предаде власта и управувањето со градот на струмичките карневалисти.

Фото: Промо

На церемонијата градоначалникот Костадинов имаше свое обраќање пред присутните, во кое меѓу другото истакна: „Негувањето на вековната традиција на празнување под маски во нашиот град доживува уште едно свое продолжение, и тоа треба да не прави исклучително горди, затоа што Струмичкиот карневал сите ние го носиме во нашиот генетски код, го чувствуваме како тече низ нашите вени, а срцата ни бијат во карневалскиот ритам. За Струмичкиот карневал подолго време се знае и со респект се зборува, како на Балканот, така и во Европа и светот, па како таков неслучајно е високо позициониран на меѓународната карневалска мапа“.

Во рамките на првиот ден од карневалските свечености кои ќе траат осум дена, поставена е и изложбата на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“, а за утрешната програма се предвидени: објавувањето на резултатите од конкурсот на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“ за најдобри литературни остварувања на тема „карневал“, концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ и отворањето на изложбата „30 години во FECC“.

Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот