Започна втората фаза од изградбата на водоводната мрежа на улица Антон Попов

Фото: Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и планирање и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација”, денеска извршија увид на отпочнување на изградбата на водоводна мрежа на втората фаза на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.

Станува збор за потегот од крстосницата со улица „1635″ до бензинска пумпа на „Лукоил“ со вкупна должина од 700 метри и изградба на нова мрежа со поголем профил. Со новата водоводна мрежа, се обезбедува подобро водоснабдување за жителите од овој дел од градот, се решава повеќедеценискиот проблем со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефекти на водоводната мрежа – информираа од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот