„Запеј со мене“: Синот на Аки Рахимовски со емотивна порака за роденденот на легендарниот пејач

Фото: Инстаграм/Кристијан Кики Рахимовски

Македонско-хрватскиот пејач Аки Рахимовски е роден на денешен ден во 1955 година, па по тој повод неговиот син Кристијан Кики Рахимовски се присети на својот татко, кој прерано нè напушти минатата година.

„Тато, нека ти е среќен роденденот. Одмори се од оние кои те изморија. И запеј со мене денес. Јас сакам онаа која ти ја сакаш. Недостигаш. Твоето дете – кретен“, стои во пораката која Кики ја објави на Инстаграм.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Минатата година, Кики Рахимовски гостуваше во естрадната емисија „Бекстејџ“, каде проговори за односот со својот татко.

„Тато и јас немавме класичен татко-син однос поради концертите. Пред 20 години почнав да свирам, тој свиреше… Немавме класичен однос. На пример, не се слушавме секој ден. На почетокот ми беше многу тешко да разберам, уште во времето на Југославија, зошто го гледав татко ми на телевизија. Татко ми не доаѓаше дома, многу свираше. Но, откако почнав да се занимавам со музика, почнав да ги правам истите грешки како татко ми. Тато и јас немавме класичен татко-син однос . Сфаќаш дека не е така лесно“, раскажа тој за нивната врска и додаде дека многу го сака својот татко.

Аки и Кристијан Кики Рахимовски
Аки и Кристијан Кики Рахимовски / Фото: Скриншот/Инстаграм

„Изградивме прекрасна врска во последните години, се поврзавме. Медиумите ги истакнуваа овие работи, но луѓето не мора да знаат сè. Сакам сите да знаат дека многу се сакавме. Тој не сакаше во мојата музика, а ниту јас во неговата“, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот