Замената за Де Геа во Манчестер јунајтед доаѓа од Евертон?!

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Голманот Давид де Геа (32) по 12 години би можел да го напушти Манчестер јунајтед, а тимот од „Олд Трафорд“ веќе стапил во контакт со човекот кој би можел да го замени меѓу стативите на „црвените ѓаволи“.

Можно е Џордан Пикфорд да пристигне во „Театарот на соништата“, а понудата на Евертон за 29-годишниот чувар на мрежата ќе биде 45 милиони фунти.

Англискиот репрезентативен голман е член на Евертон од 2017 година. Покажува одлични перформанси, на „карамелите“ им донесе огромен број бодови во изминатите години.

Се шпекулира дека Де Геа најверојатно ова лето ќе си замине како слободен играч.

Шпанецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година од Атлетико Мадрид. Тој веднаш стана прв избор и забележа вкупно 545 настапи за „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот