Фил Џонс и Туанзебе си одат од Манчестер јунајтед, преговори со Де Геа за нов договор

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Манчестер јунајтед информираше дека разговорите остануваат отворени со шпанскиот голман Давид Де Геа околу потенцијален нов договор.

Искусниот чувар на мрежата ги брани боите на Манчестер јунајтед од сезоната 2011/2012. Со клубот успеа по еднаш да ги освои Премиер лигата, ФА купот и Лига Европа, двапати Лига купот, а трипати ФА Комјунити Шилд.

Како што беше најавено минатиот месец, централниот бек Фил Џонс ќе го напушти клубот после 12 години и 229 настапи за „црвените ѓаволи“.

На Џонс одамна не сметаа во клубот, играше за резервниот тим, иако и таму беше повреден. Практично не играше посериозен фудбал повеќе од три години.

Од „Олд Трафорд“ си заминува и дефанзивецот Аксел Туанзебе после 37 настапи за првиот тим.

Туанзебе најмногу го паметат по настапот против Килијан Мбапе во 2019 година, кога Јунајтед го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот