Закрепнуваат полицајците кои вчера беа прегазени од збеснати тинејџери со украдена кола

Фото: ТВ21 / принтскрин

Тројцата полицајци, кои вчера беа удрени од автомобил „Пежо“ кој неколкумина тинејџери го украле од државна институција во Тетово, се во болница и закрепнуваат по инцидентот, објави „ТВ21“. Тие се надвор од животна опасност и се чувствуваат добро.

Во автомобилот имало четворица тинејџери, од кои тројца се малолетни. Тие пробиле две полициски блокади, а запреле дури кога се забиле со „Пежото“ во бандера. Инцидентот можел да заврши трагично за полицајците – возачот добил сигнал да запре, но не застанал и се обидел да ги прегази.

„Што се однесува до здравствената состојба на хоспитализираните колеги, за среќа поминале само со телесни повреди и се во стабилна состојба и се здрави. За вчерашниот случај, четири лица, еден 18-годишен и тројца малолетници кои се возеле во автомобил кој претходно бил пријавен дека е украден, полицијата се обидела да ги запре во селото Палчиште, но тие не ги послушале полициските наредби и не застанале. По пат тие оштетиле неколку возила и во Речица имало обида да ги запрат, но таму исто така се обиделе да удрат полициски службеници,“ вели за „ТВ21“ Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата велат дека се работи за проблематични тинејџери, познати од порано по тешки кражби, а за нив има сомненија и дека сториле други кривични дела. Тие, освен за повредите на полицајците кои можеле да загинат, се одговорни и за тешките оштетувања на локал во селото Палчиште, чиј сопственик вели дека се скршени прозорите, излогот, има скршени столови и саксии. Тој вели дека полицијата не требало да ја поставува блокадата во селото, каде што има многу луѓе кои биле во опасност.

„Тие имаа работа само со полицијата, полицијата не требаше таму да ги блокира. Доколку тие имале работа со момчињата, знам јас каква е процедурата, полицијата имала и други места каде можела да ги блокира. Полицијата ги блокираше овде. Тие застанале овде бидејќи јас не сум бил тука. Тој немал каде да излезе и влегол внатре,“ вели за „ТВ21“ Зулкан Абази, сопственик на оштетениот локал.

Автомобилот „Пежо“ кој го возеле тинејџерите е сопственост на Министерството за земјоделие, а тој пред неколку дена беше пријавен дека е украден.

Тинејџери дивееле со украдено државно „Пежо“ во тетовско, повредиле тројца полицајци и завршиле во бандера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот