Исен Шабани, градоначалник на Општина Врапчиште/Фото: МИА

Заклучени вратите на Општина Врапчиште, ексградоначалникот вели: „Прашајте во Владата“

Вратите на објектите на локалната самоуправа во Врапчиште и во Неготино-Полошко од утрово се затворени.

Граѓани, кои дошле за документи или за друга услуга, потврдија дека влезните врати се заклучени и нема вработени во објектот во Врапчиште, објави МИА.

Доскорешниот градоначалник Хисен Шабани, во телефонски разговор за МИА објасни дека тој повеќе не раководи со општината, а на одговор упати во Владата.

— Мене мандатот ми заврши вчера, а од денес веќе не раководам со општина Врапчиште, што се случува и како ќе биде понатаму, одговор да побарате од Владата — рече Шабани.

Според првичните сознанија, неработењето на локалната самоуправа се поврзува со најавите дека по неуспешните избори за градоначалник, ќе биде назначен владин повереник.

Претходно, досегашниот градоначалник Хисен изјавуваше дека не се согласува со намерата на Владата да биде сменето раководството на Општина Врапчиште по првиот круг во кој немаше доволна излезност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот