Зајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се на завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме

Моника Зајкова / фото: Фејсбук

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, вечерва во дебатниот магазин „24 Анализа“ изнесе критики за состојбите во правосудството и беше резервирана околу можноста да биде сменет министерот за правда Никола Тупанчески.

Нејзината изјава доаѓа откако деновиве постојано се шпекулираше дека ресорот Правда СДСМ ќе му го отстапи на новиот партнер во власта, Алијанса за Албанците.

„Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа“, рече Зајкова.

Нешто подипломатски беше одговорот на потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, околу можноста за смена на Тупанчески.

„Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси“, искоментира Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчески и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот