Захарова му се обрати на британскиот министер за одбрана: „Што се случува со Кејт Мидлтон? Ја најдовте?“

Марија Захарова и принцезата Кетрин / Фото: EPA

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го повика министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, да ја бара британската принцеза Кетрин и да не се занимава со руските избори.

Захарова ја цитираше изјавата на Шапс дека претседателскиот кандидат и актуелен руски лидер Владимир Путин „повторно ги украл изборите, но дека нема да ја украде Украина“.

Министерот истакна дека Лондон ќе работи со сојузниците за „запирање на кражбата со зголемување на помошта за Украина“.

Како одговор на ова, Захарова изјави дека Русија не им украла ништо.

„Ние ништо не украдовме, само не им го дадовме нашето. Тие се навикнати да крадат сè по право на ‘ексклузивност’“, додаде Захарова.

„Патем, што се случува со Кејт Мидлтон? Ја најдовте?“, напиша таа на Телеграм и го советуваше Шапс да ја побара принцезата од Велс.


Да потсетиме, принцезата во средината на јануари отиде во болница на планирана операција на абдоменот. Оттогаш не е видена во јавноста, а минатата недела објави фотографија со своите деца. Сепак, многумина забележаа дека фотографијата е уредена, а никому не му е јасно што всушност се случува со принцезата.

На интернет кружат многу теории на заговор, а поради вревата што ја предизвика уредената фотографија на принцезата, Инстаграм воведе предупредувања за фотографии кои се средени во графички програми за уредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот