Захарова му одговори на Бајден: Одлична идеја, но прво нека им се суди на оние кои ја бомбардираа Југославија

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, одговори на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно изјави дека треба да му се суди на Путин за извршување воени злосторства.

„Одлична идеја, да почнеме со бомбардирањето на Југославија и окупацијата на Ирак. Можам да ги додадам и режисерите од Сребреница“, напиша Захарова, алудирајќи дека во Сребреница не се случил геноцид (и покрај тоа што судската одлука вели поинаку).

„Можам да додадам и трговија со органи во Косово. Кога ќе завршат со тоа, можат да се забавуваат фрлајќи нуклеарна бомба во Јапонија, кога веќе се таму“, напиша Захарова.

Путин ќе одговара за воените злосторства, порача Бајден

Захарова и одговори и на Баербок

Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Германија, изјави денеска Захарова.

„Ќе одговориме и на овој злобен чин на германската политичка машинерија”, рече Захарова.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата”.

Германија протера „значителен број” руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност” што Кремљ ја спроведе во Украина.

Овој потег на Германија следува по преземените слични чекори на европските партнери во изминатите денови како одговор на руската инвазија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот