Загубите поради штрајкот ја чинат Париската опера 15 милиони евра

Протестите во 2017 година, исто така поврзани со намерата на властите да ги отстранат пензиските преференции, откажаа само 17 претстави и финансиска штета од само 3,2 милиони евра.

Поради штрајкот на уметниците/артистите и техничкиот персонал, што трае 1,5 месеци, Националната опера во Париз мораше да откаже 70 претстави и да загуби 15 милиони евра приходи. Тоа го соопшти денеска телевизијата Беф Еф Ем Те Ве.

Протестите во 2017 година, исто така поврзани со намерата на властите да ги отстранат пензиските преференции, откажаа само 17 претстави и финансиска штета од само 3,2 милиони евра.

За првпат по недели, вчера уметниците решија да не го откажат настапот најавен на програмата, а гледачите ги видоа „Приказните на Хофман”. Во обраќањето пред претставата активисти на синдикатот објавија дека ја продолжуваат борбата против контроверзниот предлог-закон за пензионирање.

Администрацијата на операта преку Твитер денеска информираше дека „Севилскиот бербер” вечерва ќе се одржи.

Париската опера и театар – Комеди франсез има специјален план за пензионирање со кој им се дозволува да се пензионираат на 42-годишна возраст, и е воведен во 1698 година од кралот Луј XIV – што го прави меѓу најстарите во Франција. Француската држава покрива половина од пензискиот фонд во Париската опера – околу 14 милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот