Заев: Транспарентноста на Владата, министерствата и општините дава позитивни резултати
Владата од категорија „просечна транспарентност” во 2016 година со 25 проценти, оваа година се искачи на 93,5 отсто и е во категорија на институции со „многу добра транспарентност“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Активната транспарентност на министерствата, Владата и општините, како што пишува премиерот е зголемена за 18 проценти од 2016 година, според најновите податоци на извештајот за „Индекс на активна транспарентност 2021 година” на Центарот за граѓански комуникации, поддржан од УСАИД. Вкупната активна транспарентност за 2021 година изнесува 63 проценти, за разлика од 2016 кога била 45 проценти.
– Транспарентноста е еден од главните постулати врз кои се темелат политиките на Владата и има важна улога во борбата против корупцијата. Ме радува тоа што политиките во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати, а тоа се нотира во релевантните извештаи, пишува Заев.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


