Заев: Македонскиот јазик е впишан во сите Меѓународни организации

фото: МИА

Недозволиво е во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, тие се апсолвирани прашања, одговори денеска премиерот Зоран Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре”, каде беше прашан за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Тој најави средба со премиерот Бојко Борисов која би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

– Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламен – истакна Заев.

Премиерот посети на на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот