Заев контра Антикорупциска: Нема ништо спорно во назначувањето на новиот директор на МЕПСО

Во врска во вчерашната изјава на претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска дека постои судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО, премиерот Зоран Заев вели дека според него нема ништо спорно во тоа.

-За МЕПСО ниту член 47, ниту член 48 од Законот за антикорупција дава ограничување на еден ваков експерт кој од регулаторна комисија е поставен за директор. Таму се вели ако регулаторна е контролно тело. Контролно тело на МЕПСО е надзорниот одбор, па Државниот завод за ревизија. Јас бев на состанок со ДКСК образложувајќи ги 47 и 48. Влеговме и во матичниот Закон за енергетика и апсолутно тврдам дека нема никакви ограничувања, рече Заев за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Претседателската на ДКСК Билјана Ивановска вечера изјави дека постоење судир на интереси во случајот на досегашниот член и Заменик-претседател на Регулаторната комисија за енергетика кој е назначен за директор на МЕПСО без притоа да помине законскиот период од две години пропишан со Закон.

-За надминување на несакани состојби на судир на интереси во кои може најдат високи функционери и членови на Владата, подготвивме и Практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата на РСМ – рече  Ивановска.

ВИДЕО | Заев: Опозицијата го држи во заложништво својот народ, а можно е помирување и работа во интерес на граѓаните

ВИДЕО | Заев: Губитник е Бугарија и Северна Македонија, но најголем е Европската унија – се посипа со пепел

ВИДЕО | Заев: Минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување – не ја чепкајте жицата македонска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот