Заев ќе му реагира на бугарскиот премиер бидејќи го нарече Пендаровски северномакедонски претседател

Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека ќе реагира во врска со грешката на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој во Сараево рече дека Стево Пендаровски е „северномакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“.

Како што истакна Заев, станува збор за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор, бидејќи „ние сме Македонци што живееме во Северна Македонија“.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе реагираат до премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кој во Сараево го нарече Стево Пендаровски „северноамакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“. Според Заев, се работи за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор.

-Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија – рече Заев.

Прочитајте и...  Таравари: Промената доаѓа преку слободни и фер избори

Бојко Борисов вчера во рамки на Самитот во Сараево за бугарските медиуми, говорејќи за средбата со Пендаровски, го нарече северномакедонски претседател и политичар.

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија – истакна во таа прилика бугарскиот премиер.

Прочитај повеќе

Двајца загинати во одрон на камења во Австрија

Слободен печат

Филипче: Кај нас нема ниту најава дека е потребна дополнителна мерка

Слободен печат

Во Дебар двајца новозаразени, еден починат од Ковид-19

Слободен печат

Еден од најлошите денови за Србија: 357 новозаразени, 11 починати лица

Слободен печат

Филипче: Препораката за ПЦР тестови за државјаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора е врз основа на епидемиолошката слика

Слободен печат

Трипуновски: Се обврзуваме во првите 100 дена да направиме корекција на Законот за тутун

Слободен печат

1 comment

vele 11/07/2019 - 00:08 at 00:08

A, za toa deka Goce bil Bugarin??

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

Слободен печат

Заев: Етничките заедници соодветно ќе бидат застапени, но нема да се толерираат уцени и закани

Слободен печат

Во Италија околу 15 отсто од хотелите и натаму затворени

Слободен печат

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните за подобар економски стандард (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Насилни протести во Етиопија: Најмалку 239 лица загинаа, а 3.500 се уапсени

Слободен печат

Симулација на гласачкиот процес во организација на ДИК: Надлежните сметаат дека има услови за безбедно гласање (ФОТО)

Михаило Донев