Заедничко уживање: Меган Фокс сподели интимно видео од када полна ливчиња од роза како ужива со Машин Ган Кели

меган фокс машин ган кели (1)
Фото: Принтскрин / Instagram

Се чини дека ова е недела посветена на уживањето на хит двојката на моментот – Меган Фокс и Машин Ган Кели ги изминаа сите нијанси на уживање во животот овие последни денови, а доживувањето го заокружуваат со заедничка бања полна ливчиња од роза додека ги „брцкаат“ стапалата излакирани со иста боја лак за нокти.

Да, 35-годишната Меган Фокс и 31-годишниот Машин Ган Кели сè уште не можат да се наситат еден од друг.

Актерката сподели видео од нивната интимна бања со ливчиња од роза која следеше по бурниот викенд под рефлекторот на модната сцена во Милано. Двојката лежеше рамо до рамо во бањата пред да ги потпрат нозете на страната на керамичката када.

Ноктите на двајцата им беа налакирани со ист слој метален лак.

На видеото се забележува како двојката ужива кикотејќи се пред МГК да праша: „Аухх, што по ѓаволите се случува?“

Меган и нејзиниот вереник изминатиов викенд беа во Милано, каде што МГК ја имаше својата модна ревија посветена од Долче и Габана за сезоната есен-зима 2022/23. По настанот актерката објави „рекап на D&G“ од фотографии на кои се гледа како носи црн кроп топ на кој со светкав принт е испишан зборот „СЕКС“, спарен со мини здолниште и светкав металик чокер ѓердан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Меган ја објави својата свршувачка со Machine Gun Кели во средата, споделувајќи видео од нивното интимно запросување со нејзините следбеници на Инстаграм, наведувајќи дека тоа се случило во вторникот, на 11 јануари.

Фокс во долгиот натпис на нејзината објава забележа дека таа и музичарот „ја испиле својата крв“ за да ја прослават приликата, што се одржа надвор од Спа Ботанико на плажата Риц-Карлтон Дорадо во Порторико.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот