Зачин кој сите го имаме дома, а не знаеме колку е моќен: Штити од инфекции и го јакне организмот

Фото: Пекселс/victoria-bowers

Ловоровиот лист е добро познат и омилен зачин и има посебно место во нашите кујни. Но, дали знаете дека ливчињата од ова медитеранско зимзелено стебло може да се користат во многу здравствени цели, не само за подготовка на храна?

Ловоровите листови можете да ги користите за да подготвите лековито масло кое е многу здраво и помага кај различни проблеми.

Денеска ќе ви откриеме повеќе за придобивките од овој производ, како и начинот на неговата примена.

Ловоровиот лист има низа здравствени придобивки за организмот:

– го смирува нервниот систем
– го зголемува и поттикнува процесот на потење
– го јакне имунитетот
– ја поттикнува менталната активност
– се користи за лекување на проширени вени и болни зглобови

За правење масло од ловоров лист, потребни ви се само две состојки:

– 30 грама ловоров лист
– 150 милилитри маслиново масло

Згмечете ги ловоровите лисја и прелијте ги со маслиновото масло. Добиената смеса оставете ја во стаклено шише и цврсто затворете, па нека отстои на темно и ладно место 14 дена.

Протресувајте ја содржината од шишињата одвреме-навреме. По две недели процедете го маслото низ газа и префрлете ја течноста во друг сад. Маслото чувајте го во ладна соба.

Начин на примена

Доколку е потребно, малку загрејте го маслото на пареа и тријте ги зглобовите со него. Освен за лекување на зглобовите исто така може да го користите за ублажување на воспалени лимфни чирови, мигрена и болести на увото.

Ловоровото масло може да го замени аспиринот затоа што ја намалува и зголемената телесна температура. Доколку имате главоболка, потребно е да ги измасирате слепоочниците со маслото и на тој начин болката ќе исчезне побрзо. Исто така ова масло помага во намалување на болките во желудникот и чировите, нормална функција на црниот дроб и бубрезите, а го подобрува и апетитот.

Ова масло има способност да ја зголеми отпорноста на инфекции, односно исклучително добро го јакне имунитетот.

Исто така, добро влијае на кожата. Од ловоровото масло може да направите и лосион за воспалителни процеси на лицето. Ќе се изненадите колку добро се бори против акните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот