Фото: ТВ21

За ЗНАМ неприфатива е соработката со ДУИ и СДСМ: „Превирањата во Вреди не се закана за владејачкото мнозинство“

За движењето ЗНАМ е неприфатливо да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ова движење со секој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ, изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов.

Според него превирањата во албанскиот партнер не се закана за владејачкото мнозинство и оти во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои.

„Владата е стабилна, со самиот став ЗНАМ и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата Вреди кои ја поддржуваат Владата“, рече Мемов.

Тој додаде дека случувањата во Вреди се нивно внатрешно прашање.

Партијата синоќа одржала седница на Извршниот одбор на која ја разгледувала актуелната политичка ситуација во земјата. Еден од усвоените заклучоци што го изнесе портпаролот на денешната прес-конференција е дека за Движењето ЗНАМ За наша Македонија не е прифатлива соработка со поранешни актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои имаа индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Македонија.

Мемов на новинарски прашања дали ќе побараат оставка или разрешување на министерот за здравство Арбен Таравари, кој како дел од Алијанса за Албанците беше коалицијата Вреди, не даде конкретен одговор, туку упати на премиерот Христијан Мицкосски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот