Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | За време на посетата во Киев, Шон Пен доби „железен Оскар“ изработен од уништен украински воз

Американскиот актер Шон Пен, добитник на годинашниот Оскар за најдобра споредна машка улога, не присуствуваше на свеченото доделување во Лос Анџелес, туку замина во Украина, каде што прими симболична верзија на престижната награда.

Пен (65) беше награден за улогата во филмот „Една битка по друга“ ( One Battle After Another), но наместо на сцената во „Долби театарот“, наградата ја прими во Киев, каде што беше забележан на улиците на украинската престолнина и оствари средба со претседателот Володимир Зеленски.

Специјалната статуетка, наречена „железен Оскар“, му ја врачи директорот на Украинските железници, Олександр Перцовски. Таа е изработена од метал од железнички вагон оштетен во руските напади.

„Ви недостасува Оскар. Впрочем, вашиот последен му го подаривте на претседателот. Затоа го направивме овој“, изјави Перцовски во видео објавено на социјалните мрежи.

Тој додаде дека наградата не е златна, но има длабоко симболично значење.

„Овој метал преживеа, па затоа ставивме зборови кои за нас се многу важни. Не е златен, но е вистински и доаѓа од длабочината на нашите срца“, рече Перцовски.

Видно трогнат, Пен му се заблагодари и го прегрна.

„Сето ова е вистинско богатство, ви благодарам“, одговори актерот.

На задната страна на статуетката е гравирана порака во која се наведува дека челикот некогаш превезувал милиони луѓе далеку од војната, а денес е претворен во симбол на благодарност за неговата поддршка.

Шон Пен со години отворено ја поддржува Украина и неколкупати ја посетил земјата. За време на една од посетите, во периодот кога започна руската инвазија, снимаше документарен филм за Володимир Зеленски, кој беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2023 година.

ФОТО | Шон Пен сочно ја бакнува 20 години помладата девојка Олга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот