За витаминот А велат дека е чист извор на младоста, а се наоѓа во овие намирници

Фото: Профимедиа

Најлесен начин да препознаете дека ви недостига витамин А во организмот, е тоа што, на пример, наутро се чувствувате убаво и ведро, а до пладне веќе станувате изморени, апатични и некако „сиви“ во лицето.

Витаминот А е вид на витамин кој во нашиот имунолошки систем се бори против вирусите, бактериите и другите патогени, го одржува телото младо и здраво, го подобрува видот и ја прави кожата мазна и здрава.

Луѓето чии клетки се заситени со каротен, т.е. витамин А, остануваат младолики подолго време.

Но, како да ги наполните клетките со каротен? Со тоа што ќе консумирате што е можно повеќе намирници богати со витамин А.

Тоа, пред сè, значи да внесувате што е можно повеќе темнозелен, жолт и црвен зеленчук, како што се спанаќ, брокула, морков, цвекло и тиква. Кајсиите, исто така, содржат многу витамин А.

Како каротенот влегува во крвта?

Каротените се пигменти кои содржат масти. Околу 60 од нив се сметаат за провитамини, прекурсори на витаминот А кои настануваат во текот на метаболизмот. Подготвениот витамин А, научниците го нарекуваат и ретинол, ратинал или ретионоид во зависност од хемиската структура – се наоѓа во некои животински производи како што се црниот дроб, путерот, полномасното млеко, сирењето, јајцата, а особено во рибиното масло. Животните ги претвораат каротените во текот на метаболизмот во готов витамин А. Овој витамин брзо влегува во крвта, а со тоа и во клетките на телото.

Намирници кои содржат витамин А:

– телешки црн дроб
– морков
– спанаќ
– тиква
– папаја
– кељ
– брокула
– диња
– домат
– авокадо
– кајсија
– марула
– грашок
– грав

Што ако на детето му недостига витамин А?

Неодамнешните истражувања покажуваат дека витаминот А е тесно поврзан со хормонот на раст. Поради тоа, децата мора во изобилство да јадат темнозелен, жолт и црвен зеленчук кој влијае на растот на забите, на коските, го зајакнува целиот одбранбен механизам на телото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот