„За тие пари ќе одиме на море“: Камперите реагираат на ценовникот на „Љубаништа“ за догодина
Кампот Љубаништа во Охрид ги објави новите цени за сезоната 2026, а според љубителите на ваквиот вид одмор, цените се превисоки и одговараат на цените на морските дестинации, објави „Фактор“.
Препорачано
Според ценовникот, изнајмувањето бунгалов од 48 квадрати за 4–6 лица во периодот од 11 јули до 10 септември чини 8.600 денари за една ноќ. Ако се земе на два дена, цената паѓа на 7.300 денари по ден, а за три или повеќе дена изнесува 6.700 денари.
Наемот на приколка во истиот период е 3.000 денари за еднодневен престој, 2.400 денари по ден за два дена, а 1.800 денари по ден доколку се остане три или повеќе дена.
Помалиот бунгалов од 24 квадрати, наменет за максимум четири лица, во пик-сезоната чини 7.200 денари за едно ноќевање, 6.100 за две ноќевања и 5.400 денари по ден за престој подолг од три дена.
Шаторот за 2+2 лица чини 2.800 денари за една ноќ, 2.400 за две, а 1.600 денари по ноќ за престој од три или повеќе дена.
Цените за престој во приколка во истиот период се идентични: 3.000 денари за едно ноќевање, 2.400 за две и 1.800 денари по ден за три или повеќе ноќевања.

Според граѓаните, цените се преголеми. Во коментари на објавата, пишува дека за тие пари ќе престојуваат некаде на море.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
14мин
-
17мин
-
17мин
-
18мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


