За што сè си фантазираат и сонуваат хороскопските знаци?

хороскоп
Хороскоп/Фото: Unsplash

Фантазиите живеат заклучени во нашите глави и ретко изустени пред друг жив човек, но астрологијата дежурен „кодош“ ги издава најголемите соништа на хороскопските знаци.

Овен

Овенот сонува за пат до најдалечната точка на планетата, кајшто досега никој не бил, ама тој мора да отиде! Жените родени во овој хороскопски знак сонуваат за бестрашни авантуристи од типот на Зоро, кој ќе ги грабне на сред бел ден и ќе ги однесе во непознат правец. Мажите родени во овој знак сонуваат за гледање на утакмица на омилениот спортски клуб во некој далечен град, каде на трибините ќе здогледаат егзотична убавица од нивните сништа, баш во мигот кога цел стадион навивачи едноглансо ќе праславуваат.

Бик

Освен фантазиите да бидат „полни како брод“, Биковите сонуваат и за семејна куќа со огромен двор во кој трчаат деца и кучиња, а тие печат скара и пијат ладно пиво. Жените родени во овој знак фантазираат за одмор или викенд во природа, опкружени со членовите на семејството, каде што ќе готват специјалитети и ќе ги споделат со соседите. Најголемите хедонисти од земјените знаци, Биковите сакаат да им покаже на сите што стекнале и со радост да го споделат тоа.

Близнаци

Кога денот, или поточно ноќта би била доволно долга Близнаците да можат да поминат неограничено време потонати во своите интереси, на нивната среќа нема да има крај. Мажите родени во овој знак сакаат да играат игри на среќа, а кога ќе стигнат дома да се сместат пред телевизор. Ако тие сонуваат да бидат Петар Пан и да не пораснат никогаш, жените сонуваат да бидат Ѕвончица која секаде стигнува, не се задржува многу и патува со еден, зборува со друг, а мисли на трет симпатија.

Овие хороскопски знаци се најгорди и никако не го менуваат своето мислење

Рак

Ракот иако во суштина е практичен, посакува многу повеќе возбуда од што на прв поглед може да се претпостави. Фантазиите се базираат на брзо возење на најновиот спортки автомобил во некоја прекуокеанска земја или град во близина на езеро каде што би можел да запознае убавица со бујни облини од неговите најлуди соништа. Жената родена во овој знак фантазира за маскиран заводник (колега или сосед) кој ноќе се качува до прозорецот од нејзината соба и ја носи со себе во ноќта, додека таа се тресе од возбуда и мисли дека сето тоа го сонува.

Лав

Фантазиите на Лавот се сведуваат на една работа-да биде успешен. Како што се грижи за својата кариера, сака да се грижи и за семејството, романтичниот партнер, децата и миленичињата (особено мачките). Жената родена во овој знак сонува за топло семејно гнездо кое ќе биде нејзината оаза од соништата и во кое никому ништо нема да му недостига. Лавот исто така сонува да им обезбеди на своите деца најдобри услови за школување, уметност или спорт.

Девица

Сè што не пристигнала во текот на работната недела, Девицата сонува да го заврши за време на викендот или одморот. Родените во овој знак ќе им дадат слободен ден на партнерот, ќе ги испратат децата на часови по јазик, на роднините ќе им кажат дека сакаат да се одморат, па ќе уживаат во средувањето на нередот на своето биро, кутија за алати, кујна или остава (ќе ги наредат сите зачини и тегли во соодветни бои). Но, кога сè ќе стави „под конец“, задоволната Девица ќе ја „грабне“ омилената книга и ќе награди со вкусна храна.

Почнува сезоната на Рибите: Што ги очекува хороскопските знаци во периодот на овие космички порамнувања?

Вага

Вагите секогаш фантазираат за љубов, па своите соништа ги применуваат во реалноста секогаш кога можат. Дури и кога се работи за ситници, тие знаат како да ги стават на „пидесталот“ на нивните фантазии – дали е тоа одење во нов ориентален ресторан со пријателите, отворање на изложба или модна недела. Сите можности за нови познанства се можност за љубов. Никогаш не се знае од каде „демнат“ тие освојувачи од соништата во вид на згодни момци или витки манекенки.

Скорпија

Фантазира за тајна љубовна врска со атрактивна личност која секојдневно ја гледа во неговото соседство, на работа или блиска продавница. Тоа што не ни помислува дека таа е предмет на неговите соништа, на Скорпија уште повеќе ѝ се допаѓа. Тогаш Скорпијата почнува да ѝ испраќа сигнали на кои избраничката ретко успева да остане рамнодушна. Веќе ја замислува во кожени чизми од змиска кожа со висока потпетица, а ако Скорпијата е жена, предметот на нејзините скриени желби е бунтовен, мачо тип облечен во кожна јакна кој ќе ја „присили“ потполно да се потчине на неговата волја.

Стрелец

Иако Стрелецот често патува, тој најмногу фантазира за аватура, а во тие фантазии секако е вклучен и најновиот модел на спортски автомобил. Тој сонува да замине во земја во која никогаш досега не бил и таму запознае мистериозна убавица која толку многу ќе го заинтригира што нема да престане да размислува за неа. Жената Стрелец вечно копнее да патува, сама или со пријателите и ужива во истражување на нови пејзажи и учење за нови обичаи, без разлика дали пие чај од бедуин во Египет, ја посетува Будимпешта или ужива во ритамот на Куба.

Кој спорт е идеален за вашиот хороскопски знак?

Јарец

Јарецот сака да талка (барем во својата имагинација),  до неистражените и недостапни делови од светот за кои читал во романите на Жил Верн. Жената родена во овој знак сонува да се најде среде голема меѓународна истражувачка експедиција во Африка, облечена во сафари облека, „камуфлирана“ со големи очила за сонце и таму запознава интригантен странец кој работи на овој важен проект. Мажот Јарец постојано посакува да најде слободно време за да се договори со издавачот за книгата што долго време ја планира или да оди на патување со пријателите од планинарскиот клуб.

Водолија

Мажите родени во овој знак фантазираат да го купат најновиот модел на мобилен телефон кој го виделе во последниот филм за Џејмс Бонд, но и да се забавува со пријателите на пијачка навечер и да остане во дискотека до сабајле. Не е дека не го ни прави тоа, но денот е толку краток! Жената Водолија фантазира за упорен, доследен, традиционален, патријархален (и богат) маж на кој нема да може да му одолее, дури и ако треба да го однесе на концерт на нејзиниот омилен бенд или на шопинг.

Риби

Рибите сонуваат за одмор на рајски остров од нивните соништа под сенката на палмите, додека пијат ароматичен коктел послужен од згоден шанкер или келнерка облечена во хавајско здолниште. Мажот роден во овој знак фантазира да преноќи на плажа, додека брановите го плискаат брегот на кој егзотична убавица тој ден му упатила долг сонлив поглед. Жената Риба сонува за маж полн со романтика (и пари) со кој ќе се прикраде во ноќта без никому да каже за тоа.

Дневен хороскоп за 12 февруари: Изборете се за вашата позиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот