За само 24 часа: Селена Гомез доби 2 милиони нови следбеници на Инстаграм
Американската пејачка и актерка Селена Гомез доби нешто повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм за само 24 часа. Севкупно, од 22 февруари па сè до денес, неа ја заследија повеќе од шест милиони луѓе, што дополнително го потврди нејзиниот статус на најследена жена на Инстаграм.
Препорачано
Истовремено, Кајли Џенер, која до неодамна беше најследената женска личност на Инстаграм, ја отследија стотици илјади луѓе.
View this post on Instagram
Но, за што станува збор? Имено, моментално, името на Селена Гомез е најпопуларното име на социјалните мрежи поради „драмата“ меѓу неа, Хејли Бибер (сопругата на поранешното момче на Гомез, Џастин Бибер) и Кајли Џенер. Сè започна на 22 февруари кога обожавателите на Гомез заклучија дека Хејли и Кајли ја исмеваат нивната омилена актерка и пејачка поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи.
Милиони корисници на Инстаграм застанаа во одбрана на Гомез и ги повикаа и останатите да ја заследат на социјалните мрежи, а да престанат да ги поддржуваат Бибер и Џенер.
View this post on Instagram
Последната фотографија на Селена Гомез има речиси 18 милиони допаѓања, а, истовремено, Бибер и Џенер мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради критичките коментари во кои луѓето ги нарекуваат „злобни девојки“.


