За сѐ се виновни хормоните: Што да правите кога ќе „полудите“ или кога сте депресивни

Фото: Профимедиа

Колкупати во животот сте ја слушнале реченицата „Не чепкај ја, „гризе“ како да е во оние денови?“ Женскиот хормонален циклус се одвива по прецизна шема, а по датум може да се претстави еден месечен круг.

Вистина е и дека малку денови во месецот жената има причина да биде нервозна и безволна.

Прва недела – од првиот до седмиот ден на менструалниот циклус

Во текот на оваа недела ќе ви биде малку полесно да ги пребродите ситните иритации како што се ‘рчењето на партнерот, мрзливиот колега на работа или гласните соседи. Причината за големата доза на трпение лежи во зголеменото ниво на естрогенот кој ви го подобрува расположението, а колку што повеќе се лачи естроген, вие толку повеќе имате добра волја.

Втора недела – од осмиот до 14-от ден на овулацијата

Денешното високо ниво на естрогенот води кон тоа многу лесно да се вознемирувате, возбудувате, но и да се инспирирате. Затоа, прифатете го овој мал хормонален бонус како предност и „фрлете“ се на некој проект или на унапредување на вашето секојдневие. Слушајте музика која ќе ве расположи и инспирира, правете нешто ново или читајте за успехот на луѓето кои го оствариле она кон кое вие се стремите.

Трета недела – од 15. до 22. ден

Чувствувате како да немате ветaр во грбот. На пример, можеби ви се чини дека проектот на кој работите не е баш возбудлив, личноста која ви се допаѓа во овој период не ви е толку привлечна, а дека животот ви е здодевен.

Кога естрогенот и тестостеронот ќе се здружат со прогестеронот, тоа е хормонална комбинација која ви ја исцрпува енергијата и доброто расположение. За да си ги наполните батериите обидете се да се сетите зошто сте тргнале кон некоја цел. На пример, можеби сте почнале да работите некоја работа за да станете „фриленсер“ (слобеден уметник), или сте покажале интерес кон некоја личност која за среќа е комплетно различна од сите оние со кои досега сте биле во врска. Ваквиот потсетник може да ви помогне да ја пронајдете искрата која сте ја изгубиле.

Четврта недела – од 23. ден до крајот на циклусот

Тешко ви е да се фокусирате на сегашноста и да престанете да ги разгледувате проблемите од минатото или да се плашите од иднината. Кога нивото на естрогенот ќе почне да расте, тоа влијае на мозокот, поточно на неговите делови кои го регулираат расположението, па со самото тоа повеќе се размислува проблемите и грижите. Сепак, постои решение. Медитацијата е одлична превентива. Седете мирно, со исправен грб и концентрирајте се само на вашето дишење. Така го тренирате мозокот да остане во сегашниот момент па малку е веројатно дека ќе го разгледувате вашето тажно и болно минато или неизвесна иднина.

Видео на денот