За надзорот на автопатиштата предвидени европски цени, а главната работа ќе ја вршат македонски фирми

Фото: „360 степени“

Високи износи за исплата на ангажмани покажува договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ за надзор над изградбата на коридор 8 и коридор 10д, договор што Владата го склучи минатата недела, објави „360 степени“. Документите покажуваат дека ќе бидат исплатени високи суми за ангажманот на експерти и дека иако надзорот е преставен како странски, главниот збор сепак ќе го имаат домашни експерти и фирми.

И покрај тоа што на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг“ од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“, пишува „360 степени“.

Паушали од 300.000 евра по човек ќе им бидат исплатени на експертите вклучени во преговорите за цената на автопатските делници кои ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Според документите, вкупно за четворицата државата ќе плати 1.200 000 евра.

Договорот отвора и други прашања за цените на услугите, кои, според „360 степени“ се европски, иако кадарот пред сѐ е македонски и нешто балкански?

На пример, услугата за секој геометар ќе се наплаќа по околу 5.600 евра месечно. Секој надзорен инженер ќе чини по 8 до 9.000 евра месечно, додека месечниот трошок за главен надзорен инженер е 20 000 евра – такви има четворица – за секоја од четирите делници. Најскап е директорот на проектот, Италијанецот Паоло Орсини, чиј ангажман ќе чини 27.000 евра месечно или вкупно 1,3 милиони евра во текот на целиот проект.

Прашање од 1,3 милијарди евра: Има ли корупција во автопатите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот